Утрински навики што треба да ги усвоите за да слабеете здраво

А.С.
/ 27.02.2023 / 13:36

Како го започнуваме денот е важно од многу различни причини, а експертите тврдат дека одредени утрински навики помагаат и при слабеење и одржување на килограмите.

Како што објави Eat This, регистрираната диететичарка Лиза Јанг откри пет навики кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото од стомакот и да ги изгубите несаканите килограми, а тие не вклучуваат строги диети или потење во теретана.

Испијте чаша вода

Зголемувањето на количината на вода што ја пиете секој ден може да го забрза вашето слабеење, откриваат многу студии. На пример, според една студија чии резултати беа објавени во списанието за клинички и дијагностички истражувања, учесниците кои испиле околу две чаши вода 30 минути пред појадок, ручек и вечера изгубиле тежина и доживеале намалување на индексот на телесна маса (BMI). Јанг вели дека е најдобро да се напиете чаша вода на празен стомак.

„Кога ќе се разбудите наутро, можеби сте дехидрирани, па хидратацијата со чаша вода е одлична идеја. Можеби мислите дека сте гладни, но всушност сте само жедни", објаснува таа.

Јадете храна богата со протеини за појадок

Ако го започнете утрото со појадок богат со протеини како јајца, јогурт или путер од јаткасти плодови, ќе се чувствувате посити подолго време. Освен тоа, ќе помогне и за стабилизирање на шеќерот во крвта, а Јанг тврди дека ова е врвниот рецепт за топење масти и успешно слабеење.

Не заборавајте на овошјето

Покрај протеините, овошјето е одлична храна за да го додадете во утринската рутина бидејќи е богато со антиоксиданси и влакна. Како што објаснува диететичарката Јанг, со јадење овошје за појадок, ќе додадете хранливи материи во вашиот оброк без непотребни калории и на тој начин ќе го поттикнете слабеењето.

„Лично, сакам да додавам зрнесто овошје во јогурт или да исечам свежи јаболка во овесна каша“, вели таа.

Јадете цели зрна

Ако мислите дека сите јаглехидрати се лоши, до вас стигнале погрешни информации. Последната утринска инспирација за вашата исхрана вклучува додавање на цели зрна во вашиот појадок.

„Целите зрна како овесна каша или леб од цели зрна содржат влакна и хранливи материи, а исто така помагаат да бидете сити во текот на денот. Не треба да се плашите од јаглехидратите бидејќи тие го помагаат варењето и на тој начин го забрзуваат слабеењето“, нагласува Јанг.

Одете на прошетка

Како што објаснува Јанг, утринското вежбање е неверојатна и многу паметна навика во која треба да се впуштите доколку сакате да изгубите тежина и да го започнете денот на најдобар можен начин.

„Утринската прошетка е одлична за вашето тело, но и за вашиот ум. Слабеењето со пешачење е одличен додаток на планот за здрава исхрана. Имено, пешачењето како активност согорува калории, помага во одржување на цврсти коски и е одлично за вашето расположение“, додава таа.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе