Утринските навики на луѓето кои живеат најдолго

Дали знаевте дека во некои делови од светот луѓето живеат подолго? Овие области се нарекуваат сини зони. Ова име прв го употребил авторот Ден Бетнер, кој во своето истражување таквите области на картата ги означил со сини кругови.

Жителите на сините зони често живеат до 90, па дури и 100 години. Покрај долгиот животен век, се карактеризираат и со добра физичка форма, како и ментално здравје. Некои од овие области се островот Икарија во Грција, Калифорнија во САД, Окинава во Јапонија, полуостровот Никоја во Костарика и островот Сардинија во Италија.

По долгогодишно истражување на овие области, Бетнер заклучил дека сите жители имаат две заеднички работи: добри здравствени навики и социјална вклученост.

Процесот на стареење не може да се запре, но очигледно постојат начини на кои можете да придонесете за подолг живот.

Пиење кафе и чај

Луѓето во сините зони пијат до три шолји кафе наутро. Како одминува денот се префрлаат на чај, а по 17 часот на вино. Освен што помагаат во одржување на тежината, кафето и чајот го снабдуваат телото со хранливи материи кои го забавуваат стареењето и помагаат во намалување на ризикот од хронични болести. Пиењето на овие пијалаци се прави во друштво, што изгледа катарзично и релаксирачко.

Задолжителен појадок

Во текот на ноќта не јадеме и не пиеме, па наутро сме гладни и жедни, дури и ако тоа не го чувствуваме. На нашето тело му е потребна вода за да ги започне своите процеси, така што чаша вода треба да биде првото нешто што ќе го внесете веднаш штом ќе се разбудите. Со храната внесуваме „гориво“ за да го започнеме денот и утринскиот оброк треба да биде обилен и разновиден.

Со утринска рутина се избегнува стрес

Луѓето во сините зони си легнуваат кога им се спие и се будат без будилник. Така, тие го избегнуваат стресот, кој се смета за тивок убиец и прави значителна штета на нашето тело. Воспоставувањето утринска рутина ни помага да бидеме поуспешни и поефикасни, а многу успешни луѓе тврдат дека се будат пред 5 часот наутро и не се чувствуваат под стрес. Некои истражувања исто така покажаа дека луѓето кои стануваат порано живеат подолго од оние кои имаат навика да останат будни до доцна и да го преспијат утрото.

Доволно спиење

Ноќните птици обично не си дозволуваат доволно сон, имајќи предвид дека на возрасен човек му требаат најмалку 6, а идеално е 8 часа на ден. Исклучете ги екраните пред спиење, оставете природната утринска светлина да ве разбуди и избегнувајте прекумерна физичка активност пред спиење.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе