Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утрово северозападниот дел на соседна Албанија, соопшти американскиот геолошки институт (УСГС).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од градот Коплик, на длабочина од 21,4 километри.
Засега нема податоци за потенцијални жртви или материјална штета.
Регионалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора. По 20 минути, следуваше послаб земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.