УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2024/2025

В четврток Македонија ја чека жрепката за Лига на нации: Посакувања и комбинации

Филип Здравески
/ 07.02.2024 / 15:57

В четврток со почеток во 18 часот во Париз, УЕФА ќе ја направи жрепката за четвртата сезона на Лигата на нации. Македонската репрезентација со нетрпение чека да ги дознае новите противници.

Трета сезона по ред Македонија се наоѓа во Лигата Ц, откако во претходните две сезони имаше разочарувачки резултати и не успеваше да напредува во повисок ранг. Сега нѐ чека нов предизвик, но можните противници ни се сите стари познаници.

Согласно пласманот на 3. место во групата во претходното издание, Македонија жрепката ја чека од третиот по квалитет барабан. Тоа значи дека не може да се паднеме во иста група со Словачка, Кипар и Северна Ирска. Токму Северна Ирска е единствената репрезентација од понудата што ја носи Лига Ц, а со која никогаш во историјата не сме играле, но за жал баш таа не може да ни падне.

Да ги разгледаме можните противници и да видиме што би било најдобро, но и најинтересно.

Барабан 1

Кулушевски среде Скопје против „своите“

Да, Шведска е можен противник на Македонија. Таа е меѓу оние репрезентации што поради слаби резултати испаднаа од Лигата Б. Би било интересно доколку се паднеме во иста група со „Викинзите“ и поради фактот што за нив игра Дејан Кулушевски, охриѓанецот роден во Шведска кој пред години ни мавна корпа. Сигурно не би имал топол пречек кога во жолто-синиот дрес би истрчал на „Тодор Проески“ против момците во црвени дресови со жолто сонце на градите.

Незгодните Романци

Репрезентацијата што дефинитивно сакаме да ја избегнеме е Романија. Игравме со нив во квалификациите за Мундијалот 2022 и знаеме како играат. Незгодни се, но и многу напреднаа оттогаш, иако и тогаш нѐ победија 3:2 во Букурешт, а во Скопје одигравме 0:0. На крај завршивме пред нив во групата, но тие потоа се пласираа на ЕУРО 2024, каде ние ќе ги гледаме на ТВ.

Вечниот ривал

Повторно тука е нашиот вечер ривал Ерменија. Каде и да се свртиме фортуната некако нѐ спојува со Ерменците. Не за друго, станува збор за репрезентација со која Македонија има одиграно убедливо најмногу натпревари во својата историја - дури 13. Ако се паднеме, и сега ќе нѐ чекаат уште два. А, некако кога ги влечат топчињата Македонија и Ерменија како да имаат некој магнет. 25% е математичката веројатност да ја добиеме Ерменија, но со оглед на историјата, би рекле дека е 75%.

Забревтаните Луксембуржани

Иако мала земја, Луксембург е репрезентација која е во страшен подем. Малку фалеше да го направи изненадувањето на векот и да се пласира на ЕУРО 2024. Но, шанси сѐ уште има, бидејќи во март ќе игра во баражите. Во квалификациите двапати ја средија Босна и Херцеговина (еднаш ја понижија со 4:1), го победија и Исланд, и дефинитивно се незгоден противник кој не би го сакале во група. Врти-сучи, на крај најпосакуван противник ни е вечната Ерменија.

Барабан 2

Одмазда против „администраторите“

Бугарија е веројатно најпосакуваниот противник од вториот барабан. Не затоа што е најслабата репрезентација тука, туку и за да им се одмаздиме за понижувачкиот пораз среде Скопје на преполната Арена во претходното издание на Лигата на нации. Рака на срце, сами си бевме криви за тој пораз откако за наивна причина рано добивме црвен и игравме со играч помалку.

Косово - за нови проблеми

За да се разбудат духовите од баражот за пласман на ЕУРО 2020 кога сите се чудеа како ќе се игра со публика против Косово, за на крајот поради пандемијата да се игра пред празни трибини и сѐ да помине глатко, без инциденти, можен противник ни е Косово. И не е само публиката проблем, оваа репрезентација сега игра подобар фудбал и е многу поконкурентна откако се засили со уште играчи израснати во други земји.

Рибарите секогаш подготвени за улов

Фарските Острови не се репрезентација од која треба да стравуваме, но знаат одвреме-навреме некого да изненадат. Особено е тешко да се победат на домашниот терен на стадионот на остров среде Северното Море при константен ветер на кој само тие се навикнати.

Пазете се од Кавказците

Азербејџан во ноември 2022 година си замина со 3:1 победа од пријателската во Скопје, кога убаво нѐ надигра. Репрезентацијата која важеше за собирање бодови, изминативе две години игра топло-ладно. Откако во ноември ја преслушаа Шведска со 3:0, потоа беа поразени со петарда од Белгија. Незгоден противник од кој сѐ може да се очекува, но далеку од непобедлив.

Барабан 4

Слаби Балтиќани

Во овој барабан се најслабите репрезантации од Лигата Ц. да не велиме „условно најслабите“ бидејќи навистина се најслаби. Естонија и Латвија се репрезентации против кои се очекуваат 6 бода и реално не треба да има некоја посебна желба која да се падне. Тука е и нивниот сосед Белорусија, која географски не е балтичка земја, но по фудаблски квалитет е малку подобра од нив. Сѐ уште има забрана од УЕФА за играње на домашен терен, а тоа е аргумент плус зошто не треба да се стравува од нив. Последниот можен противник е засега непознат, а ќе се знае кога во март бараж за место во Лига Ц ќе играат Литванија и Гибралтар. Фаворит е Литванија, и многу веројатно дека доколку фортуната ни го извлече овој пар, противникот ќе ни биде третата слаба балтичка репрезентација.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе