В четврток ново прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.07.2022 (четврток) ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Исто така, на 16.07.2022 (сабота) ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 (понеделник) ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Прскањето ќе се врши според следниот распоред:

1. Авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 14.07.2022 (четврток), во раните утрински часови (авионски) и во текот на денот (терестрично).

2. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 16.07.2022 (сабота) и 17.07.2022 (недела), во раните утрински часови.

3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18.07.2022 (понеделник) до 21.07.2022 (четврток), во период од 22 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

„Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, порачаа од Град Скопје.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе