В петок во НУБ ќе се одржи настан по повод Денот на македонскиот јазик

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконило првиот правопис на македонскиот јазик.

По тој повод, в петок (5 мај) со почеток во 11:00 часот, во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи настанот „Преку јазикот на Конески и Миладиновци до светот на македонската народна поезија“. Настанот ќе го отвори директорот на НУБ со пригодна реч, додека за македонскиот јазик во народната поезија ќе говори д-р Јана Михајловска.

Во склоп на овој свечен настан специјално и за првпат ќе биде претставена и „Изложба на современи авторски ракописи“ од богатиот фонд на НУБ за која ќе говори д-р Марина Мијаковска.

„Писателите се главните фигури коишто го збогатуваат македонскиот јазик, а преку оваа изложба ќе може да се видат ракописите на некои од нашите писателите, но и машинописи кои се одраз на едно носталгично и минато време. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат оригиналите на песните во ракопис: Петре М. Андреевски 'Наопачно оро', Петар Т. Бошковски 'Гроб на вишна рида', поемата на Томе Арсовски 'Пурпурно поле' и машинописот на Јован Бошковски 'Солунски атентатори'“, информира НУБ.

Настанот е од отворен карактер и поканети се сите заинтересирани посетители.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе