Вакцинацијата почнува во среда, пристигнаа првите вакцини

Вакцинацијата против COVID-19 во државава ќе почне во среда на 17 февруари. Први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во земјава вчера пристигна првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини против COVID-19 на компанијата Pfizer кои се донација од Србија. Вакцините на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

По примопредавањето на вакцините министерот за здравство Венко Филипче истакна дека денеска ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови.

„Вакцините се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Вакцините се развиени на безбедни платформи и со нив ќе го спречиме ширењето на COVID-19. Македонскиот здравствен систем е целосно подготвен за имунизација на населението“, информираа од Министерството за здравство.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, и лица постари од 70 години.

Кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија Sinopharm. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од Pfizer кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Од Министерството за здравство информираа дека досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација против COVID-19 од кои околу 2.000 здравствени работници се од Скопје, а останатите се од другите градови.

Вкупно 43.335 граѓани досега искажале интерс за вакцинирање против COVID-19 преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 13.511 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Премиерот Зоран Заев примопредавањето на првите вакцини од Србија го оцени како чин на огромна солидарност, пријателство и прва помош од братскиот српски народ кон македонскиот народ и искрен чин на пријателство.

„Иницијативата е на претседателот Вучиќ со кој редовно имаме комуникација и сакам да му се заблагодарам и на него и на премиерката Брнабиќ и на сите луѓе кои работеа сите овие денови. Веројатно првпат се случува да се добие една ваква согласност од Pfizer која веројатно ќе значи многу помош насекаде во светот преку вакви акти на солидарност“, рече Заев.

Ова, посочи, е првата пратка, а овие денови ќе стигнат и останатите вакцини.

„Многу е важно што првите вакцини  во нашата земја стигнаа токму од братска и пријателска Србија и што ќе ги покријат сите здравствени работници – лекари, медицински сестри и сите што работа во ковид центрите ширум земјава“, додаде премиерот Заев.

Српскиот претседател Вучиќ посочи дека примопредавањето на вакцините можело да се случи и пред 10 дена, но имало многу проблеми со добивањето дозвола од Pfizer заради многу строгите процедури и се заблагодари што конечно тоа им било овозможено.

„Примопредавањето мораше да се направи по неверојатно сложени процедури и среќен сум што ќе може да почне имунизацијата на граѓаните во Северна Македонија и пред некои други земји во регионот и во овој дел од светот. Среќен сум што така можеме да им помогнеме на нашите браќа и пријатели. Србија нема никакви други интереси освен да покаже пријателство кон македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека вистински пријател е тој што ќе ти се најде кога ти е тешко и кога си во неволја и кога ти е нешто потребно, а не кога секогаш е се лесно и убаво.

„Сите се соочуваме со проблемот на коронавирусот и верувам дека овие вакцини ќе бидат доволни за најголемиот број лекари и медицински персонал. Со овие вакцини секако ќе спасите неколку животи, а секој живот за нас има најголема вредност“, рече Вучиќ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе