Апел за масовно пријавување

Вакцинацијата продолжува со приоритетните групи

Идната недела се очекува да заврши вакцинацијата на останатите приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Во најголемиот пункт, салата „Борис Трајковски“, од понеделникот со вакцини Sputnik се имунизираат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките. Следната недела ќе бидат вакцинирани вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, најави вчера министерот Венко Филипче, соопштувајќи дека досега се вакцинирани 18.261 граѓанин.

Паралелно тече и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината AstraZeneca во пунктовите во здравствените домови низ земјава. Како ќе стигнуваат нови дози, ќе се спушта и старосната граница за да бидат имунизирани што поголем број граѓани и да се достигне опфат од 60 до 70 отсто за колективен имунитет.

Во гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Филипче рече дека според најавите, овој месец се очекуваат околу 300.000 дози:  200.000  на Sinopharm од Кина, околу 11.000 од директниот договор со Pfizer, 25 илјади вакцини преку трипартитните договори со земјите членки на ЕУ, нова количина од руските Sputnik и останатите дози на AstraZeneca преку Ковакс-системот.

Вакцинирањето нема да прекине, рече Филипче, има дози за следните три недели со AstraZeneca. Распоредите се прават за недела-две и за пунктовите низ земјата, и за спортската сала. Оцени дека системот е добро поставен и функционира, се става акцент на постарите, а при приоритизацијата на групите за вакцинација е земено предвид  епидемиолошката состојба во земјава и широката распространетост на вирусот.

– Сега се вакцинираат 3000-4000 дневно. Нашиот план е помеѓу 7000 и 10.000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10.000 во максимална оптовареност на системот. Тоа е добра динамика за нашата земја. Апелирам да се пријават сите на сајтот вакцинација.мк или преку матичните, така системот ќе ги генерира приоритетите по возраст и, евентуално, коморбидитети. Битно е да покажат интерес за вакцинација и само така ќе постигнеме колективен имунитет за што пократко време. Како ќе се зголемува достапноста на вакцините, ќе се зголемува и бројот и ќе расте и заинтересираноста, рече Филипче.

Нагласи дека сите се развиени на безбедни платформи, нема контраиндикација од ниту една вакцина во однос на болести или состојби, освен она што бордот на Европската агенција за лекови (ЕМА) го утврди за AstraZeneca – дека има поврзаност со тромботични ефекти кај помлади лица, веројатно поради хормонална активност, а за која ставот на нашата земја е да не им се дава на лица под 60 години. Многу е поголем бенефитот од вакцинацијата, рече министерот, споредено со ризикот да се заболи од тешка форма на COVID-19.

Филипче посочи дека треба да се вакцинира секој, без разлика дали има или нема антитела и дали коронавирусот го поминал со или без симптоми.

– Три до четири месеци по прележана болест треба да се вакцинира. Има различни препораки дали треба само со една или со две дози, тоа  варира од вакцина до вакцина. Здравствените работници тоа го следат и согласно со тоа, тие ќе вакцинираат. Тоа е единствен начин да се смени сликата на епидемијата. Аплелирам на масовна вакцинација, апелирам и до опозицијата да престане со антикампањите зашто сериозно може да го наруши процесот на имунизација, нагласи Филипче.

На прашањето дали чувствува одговорност за доцнењето на вакцините, тој во ТВ-интервјуто одговори дека од ноември интензивно се работело на нивна набавка, било пристапено кон сите можни извори за да се обезбедат – од Ковакс-механизмот, за кој рече „многу повеќе верувавме да биде брз и ефикасен“, до директни разговори од производителите. Причината за доцнењето, рече, е во недоволното производство, големиот пласман на вакцини во САД, со што се изјаловиле првичните планови и за земјите од ЕУ кои и за себе не добиле вакцини колку што очекувале.

–  Голем проблем е сè уште достапноста поради недоволното производство, каде било во светот, освен Србија која е исклучок. Ние направивме буквално сè, сите механизми и сите обиди. Работевме интензивно, секојдневна комуникација сите овие месеци, додаде ресорниот министер. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе