Вакцинирани 652 здравствени работници, во пораст бројот на нови случаи со COVID-19

Бројот на заболени од COVID-19 и на хоспитализирани дневно во земјава се зголемува. Вчера беа регистрирани 415 нови случаи, завчера 373, а ден пред тоа 347.

Расте и бројот на хоспитализирани со COVID-19. Нивниот број на инфективните оддели во земјава изнесува 636 од кои 261 во Скопје, а завчера тој број изнесуваше 616… Според вчера објавените податоци за изминати 24 часа регистрирани се и 19 починати и 244 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројот на оздравени е 89.022, на починати е 3.037, а на активни случаи изнесува 6.525.

Единствениот начин за справување со вирусот е вакцинација. Таа во државава почна на 17 февруари во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Министерството за здравство вчера изутрина соопшти дека за два дена се вакцинирани 453 здравствени работници кои работат во ковид-центрите во државава. Министерот за здравство Венко Филипче вчера попладне ја посети модуларната болница на Инфективната клиника по што на својот Facebook профил напиша дека вчера до 17 часот се вакцинирани 199 здравствени работници.

Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет. Во модуларната болница се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот од понеделник до сабота, информираа од Министерството.

Во тек е првата фаза од имунизација во земјава, а во меѓувреме се одвива пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70-годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш после здравствените работници опфатени во првата фаза. Досега на веб-страницата 58.500 граѓани се пријавиле за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани на возраст од над 70 години.

Во тек е имунизацијата со вакцини на производителот Pfizer, а кон крајот на месецов во земјава се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител Sinopharm, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против COVID-19.

Државава преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината AstraZeneca, од која првата количина е планирано да стигне во март. Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени меѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во првата испорака на Ковакс механизмот за вакцини Pfizer вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против COVID-19. Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а Pfizer дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови, соопштија од Министерството.

Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини против COVID-19 и се прави одмерување бидејќи, како што наведе, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

–  Прво не се работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со Pfizer и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800.000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Северна Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини, потенцираше Заев, одговарајќи на новинарско прашање зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини.

Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

– Така што се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Pfizer, AstraZeneca или се работи за Sinopharm или за Спутник V од Русија или каде било конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги искалкулирате сите количини. Така што не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така што не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Заев.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе