Ванда Нара, сопругата и агент на аргентинскиот фудбалер Галатасарај, Мауро Икарди, се фотографираше во тренирка на Јувентус и со тоа започна нова лавина шпекулации за можен трансфер.
Нара објави Instagram Story, а се работи за нејзина фотографија направена во автомобил додека носи тренирка на Јувентус. Таа го направи тоа пред и по снимањето реклама во Турција.
Икарди, кој своевремено ја носеше капитенската лента на Интер, беше поврзуван со Јувентус пред да се пресели во ПСЖ од Нероаѕурите во 2019 година.

Аргентинскиот напаѓач моментално има договор со Галатасарај до 30 јуни 2026 година и оваа сезона за турскиот клуб постигна 24 гола на 39 настапи во сите натпреварувања.
Дали Икарди летово ќе ја смени средината, останува да видиме.