ВАР, одбранет пенал - гол! Македонија води против Англија
Со голот на капитенот Енис Барди македонската репрезентација води на полувреме против Англија.
Рико Луис со лакт го удри Бојан Миовски в лице, судијата не виде, но по интервенција на ВАР покажа на белата точка.
Џордан Пикфорд го одбрани пеналот на Барди, но нашиот капитен брзо ја искористи одбиената топка и ја смести в гол.