Вашата крвна група открива на кои болести сте склони

Постојат осум крвни групи, а исклучително е важно да знаете која е вашата. Тоа може да ви го спаси животот и да помогне да се спречат некои состојби и здравствени проблеми.

Многу е важно да ја знаете вашата крвна група, особено во итни ситуации, па затоа е добро да ја имате некаде запишано. Постојат четири главни крвни групи: A, B, O и AB, а има вкупно осум, кога ќе се додаде Rh факторот (A+, A-, B+, B-, O+, O-, AB+ или AB-). . Експертите веруваат дека вашата крвна група може да открие на кои болести сте повеќе склони.

Срцева болест

Добрата вест за луѓето со крвна група О е дека нивниот ризик е низок, според истражувањата. Експертите не ја знаат причината, но постои мислење дека е можно другите крвни групи да се поврзани со повисоко ниво на холестерол и протеини кои се поврзани со формирање на згрутчување на крвта.

Рак на желудник

Крвните групи А, АБ и Б се поподложни на оваа болест од групата 0. Ова особено важи за групата А, каде што е најчеста. Истражувачите сметаат дека е можно да се работи за инфекција со бактеријата H. Pylori, која се јавува почесто во групата А. Оваа бактерија често се наоѓа во желудникот и може да предизвика воспаление и чир.

Рак на панкреасот

Ако сте од групата А, АБ или Б, имате поголем ризик за развој на оваа болест. Молекулите во крвните групи А и Б им помагаат на бактеријата H. pylori да расте и да се развие во цревата, што го зголемува ризикот од болести.

Стрес

Стресот го зголемува нивото на кортизол во крвта. Луѓето со крвна група А имаат и покачено ниво на кортизол, па затоа се повеќе склони кон стрес.

Меморија

Една мала студија покажа дека луѓето со крвна група АБ имаат најмногу проблеми со меморијата.

Чир

Чир на желудникот е многу болен и непријатен, а почесто ги погодува луѓето со крвна група 0.

Згрутчување на крвта

Венската тромбоза е формирање на згрутчување во длабоките вени. Истражувањата покажуваат дека луѓето со А, Б или АБ група имаат поголеми шанси да им се случи овој проблем.

Долговечност

Оние со крвна група 0 имаат поголема веројатност да живеат подолго. Експертите сметаат дека ова се должи на намалениот ризик од кардиоваскуларни болести.

Дијабетес

Дијабетес тип 2 почесто се јавува кај луѓе со крвни групи А и Б, а експертите не се сигурни зошто и сметаат дека се потребни повеќе истражувања.

Мозочен удар

Ризикот од мозочен удар се зголемува ако имате крвна група АБ. Лекарите сметаат дека тоа е последица на подложност на појава на згрутчување на крвта.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе