Вдовицата на Навални: Путин го уби, го кријат додека не исчезне агенсот новичок од телото

Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска во видеопорака изјави дека ќе продолжи со работата на својот сопруг и ќе се бори за слободна Русија.

„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, рече Навална во видео пораката со наслов: „Ќе ја продолжам работата на Алексеј Навални“.

„Владимир Путин го уби мојот сопруг“, додаде Навалнаја, нагласувајќи дека ќе работи со рускиот народ за да се бори против Кремљ и да создаде нова Русија.

Кремљ негираше вмешаност во неговата смрт. Навалнаја ги обвинува руските власти дека го кријат неговото тело и чекаат да исчезнат трагите од нервниот агенс новичок.

Сојузниците на Навални знаат зошто нејзиниот сопруг е убиен и наскоро ќе ги откријат деталите, вклучително и имињата на оние кои се вмешани во неговото убиство, рече таа.

URL
Синдром на ненадејна смрт?

Руските истражители сè уште не ја утврдиле причината за смртта на Алексеј Навални, ниту е јасно колку време ќе биде потребно за да се донесат официјални заклучоци, изјави денеска неговата мајка.

Навални, 47-годишен поранешен адвокат, колабирал и починал во петокот по прошетката во казнената колонија на „Поларни волци“ во Харпа, на околу 1.900 километри североисточно од Москва, каде што издржуваше 30-годишна казна, соопшти затворската служба.

На мајка му Људмила во затворот во саботата ѝ беше кажано дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, недефиниран термин за различни фатални срцеви заболувања.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, изјави дека на неговата 69-годишна мајка и на адвокатите им било кажано дека официјалната истрага за причините за смртта е продолжена и дека не се знае колку долго ќе трае.

Мајката не ја пуштија во мртовечница

Причината за смртта е неутврдена, рече Јармиш, додавајќи дека руските власти лажат и одолговлекуваат.

Неговата мајка и адвокатите не добиле дозвола да влезат во мртовечницата во арктичкиот град во близина на затворската колонија, каде властите велат дека Навални паднал и починал на лице место денеска, изјави портпаролката.

Вработените во мртовечницата не одговорија на прашањето дали телото на Алексеј е внатре, тврди Јармиш.

Со смртта на Навални поделената руска опозиција остана без нејзиниот најхаризматичен и најхрабар лидер, додека претседателот Владимир Путин се подготвува за избори со кои би можело да остане на власт најмалку до 2030 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе