Веднаш избришете ги: Апликации што крадат банкарски податоци и „чистат“ сметки

Објавен е извештај за пет малициозни апликации кои се доста популарни во европските земји.

Овие апликации беа преземени стотици илјади пати и го содржеа банкарскиот тројанец Anatsa. Ги открила компанијата ThreatFabric, која за Bleeping Computer изјавила за кои апликации станува збор.

Најтаргетирани корисници се во ОК, Чешка, Германија, Словачка, Словенија и Шпанија. Најпрво на мета беа само корисниците на Samsung, но подоцна и други.

Станува збор за следните апликации:

1. Phone Cleaner - File Explorer

2. PDF Viewer - File Explorer

3. PDF Reader - Viewer & Editor

4. Phone Cleaner: File Explorer

5. PDF Reader: File Manager

Лажните апликации беа маскирани како апликации за читање PDF-датотеки или чистење на телефонот, и беа така дизајнирани да стигнат до топ листите за нов бесплатен софтвер, што ќе ги зголеми нивните шанси да допрат до повеќе корисници.

Се верува дека тие биле преземени меѓу 150.000 и 200.000 пати пред да бидат отстранети од Play Store, и користеле процес во повеќе чекори за „заразување“ на уредите без интеракција со корисникот. Ако ги имате, избришете ги од телефонот веднаш.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Софтвер

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Read more

Microsoft го менува Remote Desktop со нова апликација за Windows

Read more

Google воведува откривање измами со пораки со помош на вештачка интелигенција

Read more

Корисниците на Instagram добиваат Reels со насилни и сексуални содржини

Read more
 

Гик

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Читај повеќе

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески хуманоиден робот вози велосипед и извршува задачи без обука

Читај повеќе

Основачот на The Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Читај повеќе

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Читај повеќе

Јапонски брод произведува „зелен“ водород на море и го испорачува за употреба на копно

Читај повеќе