„Верковиќев апостол“ – книга со анализа на ракопис од 14 век со македонски-црковнословенски дијалект

Пред тетовската публика првпат беше претставена книгата „Верковиќев апостол“ од доцент д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни од Универзитетот во Тетово која е излезена од печат во 2019 година. Станува збор за значајно дело кое обработува ракопис од 14 век на монашки писец, за кој двајцата автори прават анализа на правописно-фонолошките особености. Презентацијата на книгата беше извршена вчера по повод 21 февруари - Интернационален ден на мајчиниот јазик.

– „Верковиќевиот апостол“ се издвојува како македонскиот ракопис, односно ракопис со македонска-црковнословенска редакција. Освен тоа ќе ги издвоиме особеностите кои ги има „Верковиќевиот апостол“ бидејќи се работи за ракопис од 14 век, апостол кој е пишуван на определна дијалектна норма на македонски јазик. Што значи јасно се одразува македонската-црковнословенска варијанта низ целиот ракопис. Односно елементите кои покажуваат дијалектна особеност коишто и денес може да се сретне во средината на македонската дијалектна почва, изјави авторот Михајло Марковиќ.

Ракописот е наречен по Стефан Верковиќ за кого се смета дека го зел и го однел од Македонија во Русија.

– Професорката Соња Новотни го наоѓа ракописот во Русија, во библиотеката „Салтиков-Счедрин“ во Санкт Петербург. Таму зема факсимили и тоа е нејзина магистерска теза, одбранета во 1994 година. Пред две години Министерството за култура го одобрува за печат и ние го доработуваме и вршиме анализа на правописно-фонолошките особености. Овој ракопис има и дел „Згоштов апостол - расчитан текст и орнаментика“. Но, во нашата книга се задржуваме исклучиво за правописно-фонолошките особености, потенцира Марковиќ.

Дел од настанот беше и предавањето на професорката по македонски јазик Ружа Ѓорѓеска посветено на Блаже Конески.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе