Веројатно следната година ќе се прима и трета доза вакцина за COVID-19

Испитувањата што ги има направено компанијата Pfizer, која е еден од производителите на вакцина за COVID-19, одат во насока дека најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите не се официјализирани. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека болниците се оптоварени со невакцинирани лица, повторно апелирајќи за вакцинација, што во моментов претставува единствен спас за излез од пандемијата.

– Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени си со невакцинирани пациенти, нагласи вчера министерот за здравство.

Тој истакна дека не можат да претпостават како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата во светот.

– Веројатно дека ќе има нови и нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. И тоа е начин ние да ги вратиме животите во нормала. За жал, гледаме дека имаме граѓани коишто сѐ уште се невакцинирани. Апелирам да се вакцинираат, тоа е начинот и да се заштити здравјето, а ние да го штитиме системот од понатамошни бранови и оптоварувања, рече Филипче.

Според последните информации од Министерството за здравство, вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани. Имено, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, а 29 проценти од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.

Околу бројот на вакцини во земјава, Филипче наведе дека во овој момент има сосема доволно.

– Околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од AstraZeneca, 110 илјади Pfizer и 100 илјади дози од Sinovac и ја имаме оваа континуирана количина која што доаѓа од 30-40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата Pfizer, посочи министерот.

Тој повторно укажа дека не треба да постои сомнеж кај граѓаните и оти сите вакцини се безбедни.

– Не треба да има сомнеж. Сите вакцини се безбедни и тоа е докажано и од нашето искуство. Мали некои несакани ефекти коишто се типични генерално за вакцините – црвенило итн., освен онаа компликација што ја имаше една млада девојка која што е опишана во литературата, меѓутоа и таа помина добро. Значи, вакцините се безбедни, направени се на безбедни платформи, така што вакцинацијата е единствениот процес којшто ќе го спаси светот од оваа пандемија, нагласи вчера Филипче.

Околу протоколите за лекување, Филипче посочи дека за сите болници има протокол што неколку пати и е ревидиран согласно сознанијата, но за потешките случаи се разговара на координативните состаноци.

– Ние точно знаеме како се лекуваат сите пациенти. Се лекуваат по соодветниот протокол со најмодерните лекови. Немаме недостаток на ниту еден лек. Ние сме единствена земја во регионот која што го има и антителото од оригиналниот производител кое го добивме благодарение на Светска банка. Најголем број од пациентите во болниците и тоа е проблемот се невакцинирани. Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти коишто навистина имаат тешка состојба, имаат сериозни коморбидитети и иако лекувани по сите тие стандарди за жал не може да се помогне, наведе Филипче.

Во однос на новиот сој, министерот рече дека ги чекаа научните созананија.

– Кога ќе се појави една варијанта без разлика каде е или станува типична за некој регион или брзо се шири. Има типични соеви на вирусот за некои поединечни региони. Точно е дека има нова варијација на вирусот, меѓутоа тоа е нешто што воопшто не е изненадување. Овој тип на вирус има тенденција да мутира во различни делови. Сѐ уште е рано да се кажат карактеристиките на овој најнов сој на вирусот. Ги чекаме научните сознанија. Она што досега се знае за досегашните соеви на вируси е дека важат истите принципи вакцинацијата и општите превентивни мерки, додаде Филипче.

Министерот, на новинарско прашање околу смртноста на млади лица, рече дека тоа е нешто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што рече, за жал, се невакцинирани лица.

– Секојдневно имаме состанок со сите раководители на институции каде што се лечат најтешките пациенти, на Инфективната клиника, на интерните клиники, на Институтот за ТБЦ и во Козле. За жал, се невакцинирани луѓе. За жал генерално многу касно доаѓаат пациентите и тоа го констатиравме неколку пати наназад, рече Филипче.

Министерот посочи дека е добро што во моментов има стагнација во болниците.

– Добро е што во овој момент има некаква стагнација, не се полнат веќе болниците со таа динамика како што беше досега. Нема потреба да се активираат дополнителни одделенија на интерните клиники, иако се спремни. На три одделенија сега се сместени тука пациенти, три се на стендбај, посочи Филипче.

Седумстотини и осум нови случаи на заболени од COVID-19, 573 оздравени и 32 починати лица се регистрирани во вчерашниот дневен билтен на Министерството за здравство. Во моментов во земјава има 15.101 активни случаи. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе