Верона остана во елитата, Каљари во 90+4 избори пласман во Серија А

Со победа од 3:1 над Специја во мајсторката за опстанок во италијанската елита Верона и следната сезона повторно ќе игра во Серија А. Каљари, пак, е победник на второлигашкиот бараж и по само една сезона експресно се врати меѓу најдобрите.

На неутрален терен во Удине, поради ист број на бодови и ист меѓусебен скор, екипите на Специја и Верона одиграа мајсторка. Давиде Фараони во 5-тата минута донесе водство за Верона, а израмни Велшанецот Итан Ампаду само десет минути подоцна.

До полувремето Сирил Нгонге постигна два гола и обезбеди убава предност од 3:1 за Верона, а во вториот дел М'Бала Нзола не искористи пенал за Специја во 68. минута. Претходно, исклучен беше стрелецот на првиот гол за Верона, капитенот Давиде Фараони, кој со рака од гол-линијата спречи гол за Специја. За потегот доби црвен картон, но се исплатеше бидејќи Лоренцо Монтипо го одбрани лошиот удар на Нзола. И со играч повеќе Специја до крајот не успеа да се врати.

Така, Верона 

Remote video URL

Откако лани испадна од Серија А, Каљари се враќа во елитното италијанско друштво откако го доби финалниот плеј-оф во Серија Би против Бари. На гостински терен, Каљари славеше со 0:1, откако првиот дуел на Сардинија заврши 1:1. Бари имаше пласман во А сѐ до судиското надополнување (правилата велат дека во случај на нерешен исход за победник се смета тимот што има подобар пласман на табелата), кога во четвртата минута Леонардо Паволети постигна победнички гол.

Каљари експресно се враќа во Серија А, иако на табелата заврши на 5. место. Бари беше трет. Во елитата експресно се врати и Џеноа, а третиот патник е Фрозиноне. Неуспешни во плеј-офот покрај Бари беа и Парма, Зидтирол и Венеција.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Read more
 

Спорт

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе