Ветеринар издвои 5 животни што не треба да се чуваат како миленичиња

Доколку сакате да добиете домашно милениче, а сè уште не сте сигурни кој вид на животно е најсоодветен за вас и за вашата околина, дефинитивно треба да го направите вашето истражување пред да се одлучите за овој многу важен чекор во животот.

Покрај тоа што ќе го направите вашето истражување, би било добра идеја да се консултирате со експерти, како што се ветеринарите. Имено, британскиот ветеринар Бен, кој секојдневно споделува совети на социјалните мрежи, откри кои животни воопшто не се погодни за домашни миленици.

На неговиот TikTok профил „Ben The Vet“, каде што го следат повеќе од 200.000 следбеници, тој објасни и зошто овие животни не се соодветни. Тој не сака да звучи како да не ги сака, но чувствува дека мора да ги предупреди идните сопственици на домашни миленици за можните стапици.

Така, на прво место ги наведе папагалите и другите пердувести животни.

„Прво, да се има папагал значи никогаш повеќе да не се има нелеплива тава бидејќи кога ќе се загрее, облогата испушта гас што може да биде фатален за нив“, изјави ветеринарот.

Вели дека не се сомнева дека птиците можат да бидат супер животни бидејќи можат да зборуваат, но смета дека е исклучително тешко да се обезбеди доволно простор и стимулација за вид кој инаку би имал слобода да лета и да го истражува живеалиштето на прашумите.

„Папагалот на кој му е здодевно лесно станува папагал под стрес кој се манифестира во деструктивно однесување, многу гласно и ненормално однесување“, објасни тој.

Друго животно што не би го имал е глушец. Тоа е затоа што глувците во просек живеат до две години. Овде веројатно се мисли и на хрчаците, кои кај нас се многу популарни домашни миленици, а нивниот просечен животен век е две години.

„Имав многу заморчиња низ годините и многу се приврзав за нив“, рече тој.

Смета дека е доволно тешко кога домашно милениче ќе умре по 4 или 5 години, а година или 2 се прекратки за да поседувате домашно милениче.

Третото милениче што го спомнува Бен може некои да ги изненади, а тоа се зајаците. Сепак, тој објасни зошто тие често не се соодветни миленичиња.

„Спротивно на она што многу луѓе го претпоставуваат, тие навистина не се добри миленичиња за децата. Тие се еден вид плен, па природно се многу плашливи. Не секогаш уживаат да бидат држени и се многу кревки. Удираат и ви паѓаат од рацете на подот. Не е невидено да ги скршат коските на екстремитетите, па дури и 'рбетот“, наведе Бен.

Додаде и дека имаат строги потреби во однос на исхраната, распоредот за чистење и социјализацијата. Тие се исто така многу подложни на блокади на цревата и проблеми со забите, што може да доведе до некои неочекувани трошоци кога ќе ги однесете на ветеринар.

Четвртото животно кое во никој случај не е погодно за живеење во затворен простор се мајмуните. Иако на многумина ќе им звучи чудно бидејќи ретко кој има мајмун за домашно милениче. Сепак, Бен изјави дека има околу 5.000 примати кои се чуваат како домашни миленици во Обединетото Кралство.

„Мајмунот е исклучително интелигентно, диво животно, а не припитомен вид, како кучињата или мачките. Исклучително е тешко да се справите со нивната сложеност во вашиот дом. Не правете го тоа“, советува Бен.

Конечно, ветеринарот Бен вели дека никогаш не би имал твор како домашно милениче. Забавни се, но многу темпераментни. Тие навистина смрдат и имаат непријатни каснувања. Покрај тоа, им треба многу интеракција и многу простор.

@ben.the.vet 5 species of pet that I personally as a vet wouldn’t have / would advise you to think very carefully about before getting (and in the case of number 4 please do not get them under any circumstance) #learnontiktok #veterinary #animals #petsoftiktok #benthevet ♬ 好可爱的宝宝 - 如期而至
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе