Вежбај и заштеди: Нова кампања на ФитКит и Visa

ФитКит, првата фитнес мобилна апликација во Северна Македонија, во соработка со платежната компанија Visa започнува кампања за промоција на активниот начин на живот.

Кампањата во фокус ги става позитивните ефекти од вежбањето со ФитКит апликацијата, со што што овозможува не само бројни придобивки за физичкото и менталното здравје, туку и придонесува за заштеда со секоја купена претплата. Сите ФитКит корисници што ќе купат претплата М или L со картичките Visa Gold или Visa Platinum, ќе добијат 500 денари попуст на претплатата. 

Промотивната понуда стартуваше во мај 2023 година и ќе трае заклучно до крајот на септември 2023 година.

Од тимот на ФитКит велат дека платежната компанија Visa го препозна потенцијалот на ФитКит апликацијата како брзо решение да вежбаш или уживаш каде и кога ќе посакаш, во најдобрите фитнес и спа центри во државата, или пак од комфорот на својот дом.

- Добивме предлог од претставништвото на Visa во Северна Македонија за средба на која што требаше да ги запознаеме со нашиот бизнис модел. Од компанијата го препознаа потенцијалот на Фиткит и набрзо по таа прва средба почнавме да разгледуваме модели на соработка. После 6 месеци, ова стана реалност и вистинска додадена вредност за вежбачите и корисниците на Visa Platinum и Visa Gold картичките.

Покрај бројните придобивки, соработката со Visa ќе биде уште еден поттик за сегашните и идни ФитКит корисници да се охрабрат да водат физички активен и здрав начин на живот, а притоа и да заштедат.

- Прво, ова е голема сатисфакција да соработуваш со бренд од овој калибар. Второ, ова е тест за нашата компанија дека може да испорача и да се вклучи во еден проект и кампања со глобална корпорација од овој размер. Трето и најважно, е што ќе охрабриме и поттикнеме повеќе луѓе да бидат активни и да се запознаат со можностите и удобноста што ги нуди ФитКит мобилната апликација, велат од ФитКит.

Преку оваа кампања, користењето на понудата на Фиткит ќе се доближи до секој корисник што ќе плати М или L претплата. На овој начин, во зависност која претплата ќе ја изберат, корисниците ќе добијат 500 денари попуст за неограничени посети на повеќе од 300 активности за вежбање и спа третмани, неограничен пристап до онлајн тренинзи во живо, субвенција за опрема во вредност од 6.000 или 14.000 денари и пристап до FitKit Plus видео програмите за вежбање.

Од ФитКит најавуваат дека по сумирање на првичните импресии и реакции од корисниците и пазарот, моменталниот став и намера на двете страни е оваа соработка да продолжи и да се надградува и во иднина.

За да добиете повеќе детали за оваа промотивна понуда, пишете ни мејл на info@fitkit.app или контактирајте нè на телефонскиот број 075 420 308.

реклама

Промо

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Read more

Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство со низа домашни настани

Read more

Сребрен сјај: Совршени парчиња накит за вашата колекција

Read more

Limited edition лименките на Златен Даб – предизвикувачка платформа за оригинален уметнички израз

Read more
 

Ново

  • filter

4 јуни 1783, изведен бил првиот лет со балон

Читај повеќе

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе
  • filter

Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Читај повеќе

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Читај повеќе

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе