ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Видал има нов клуб

Чилеанскиот фудбалер кој имаше одлична кариера во неколку европски клубови останува во Бразил, но во нов клуб.

Откако освојуваше трофеи и во Фламенгу, Артуро Видал сепак по само една година се рaздели со овој клуб од Рио де Жанеиро. Откако во април на „Маракана“ дојде аргентинскиот стратег Хорхе Сампаоли, Видал го загуби местото во првиот тим и ретко играше, а кога добиваше шанса играше епизодна улога.

„Во моментов сум 100% подготвен. Ако не играм повеќе, тоа не е мој проблем. Комплицирано е кога не играш. Нема никој подобар од мене на мојата позиција. Можам да правам работи што никој друг не може да ги направи. Моите деца се тука, па тоа ми дава сила да продолжам да се борам“, истакна тој пред неколку дена во врска со проблемот со новиот тренер.

Во родниот Чиле навивачите очекуваа да се врати во Коло-Коло, клубот каде ги направи првите чекори во професионалниот фудбал, но Видал сепак се одлучи да остане во Бразил.

Кариерата ќе ја продолжи во Атлечику Паранаенсе, клуб од Куритиба, за кого велат дека е најсилниот клуб надвор од Големата 12-ка во Бразил. До крајот на неделава треба да ги направи медицинските прегледи и да стави потпис на договорот. Тој на социјалните мрежи веќе се прости од популарниот Менгаун.

Чилеанецот во мај наполни 36 години, но и натаму е актуелен репрезентативец (140 настапи за Чиле, 33 голови). Пред да дојде во Фламенгу играше за Интер, каде освои Скудето, Копа Италија и Суперкупот. Со Фламенгу ја освои Копа Либертадорес, како и Купот на Бразил. Видал освојуваше трофеи и претходно со Барселона, Баерн, Јувентус и Коло-Коло, а единствено не успеа да освои пехар со Баерн Леверкузен. Со Чиле двапати ја освои Копа Америка.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе