ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА 2006

Виери: Таа ноќ во Берлин сѐ беше перфектно, фалев само јас

Филип Здравески
/ 03.09.2020 / 13:52

Една од легендите на италијанскиот фудбал е Кристијан Виери, голгетерот кој долги години ја красеше Серија А и кој поради повреда го испушти мундијалскиот пехар во 2006 година.

Роден во Болоња во 1973 година, Виери со родителите на 4-годишна возраст се сели во далечната Австралија. Почнува со фудбал во Маркони Сталионс, клуб на италијански имигранти од Синдеј. Но, неговиот сон е Италија и само Италија.

„Австралија и семејството ги напуштив на 14 години со два сона: да играм во Серија А и да го облечам националниот дрес. Срцето ќе ми излеташе кога Чезаре Малдини, кој е како втор татко за мене, ме викна во У21 репррезентацијата. Пред секој натпревар одев во купатилото и плачев од радост и напнатост. Да се претставува сопствената земја за мене е најголемо достигнување. Плукав крв за репрезентацијата, си одев преморен по секој натпревар, не познавав друг начин на играње одредени натпревари. Оние кои само еднаш ќе направат чекор назад, не би ги пуштил ниту да пристапат до Коверчано“, вели Виери. Инаку, Коверчано е тренинг-центарот на италијанската репрезентација во истоименото предградие на Фиренца.

На Чизмата почна во нисколигашот Санта Лучија, потоа замина во Прато, а во Серија А дебитираше во дресот на Торино. Потоа играше за Пиза, Равена, Венеција, Аталанта, Јувентус, мадридски Атлетико, Лацио, Интер, Милан, Монако, Сампдорија, Аталанта и Фиорентина. Одигра вкупно 264 натпревари во Серија А на кои постигна 142 гола со што е 29-ти на вечната листа на голгетери.

Кристијан Виери ги бранеше боите на Италија на два Мундијала: во 1998 и 2002. Требаше да биде на списокот и за оној во Германија во 2006, но на 26 март играјќи за Монако заработи повреда на коленото при еден сидир со Бернар Менди од ПСЖ, повреда која му го уништи сонот за трет Мундијал.

Голгетерот открива како не му било воопшто лесно да ги гледа неговите соиграчи, а првично не можел ни да се радува на освоената титула знаејќи дека и тој требало да биде таму.

„Што почувствував кога сликата на Канаваро со мундијалскиот пехар го обиколи светот? Бев уништен. Знаете дека не можев да изгледам ниту еден натпревар на 'Аѕурите'? Господе, колку само страдав... На почеток, пробував да не ни мислам на тоа. Си велев: 'Се мачев со години, дадов 9 гола на Мундијалите и го загубив животниот сон поради повреда!'. Потоа, сепак во моето срце никна радост за сите тие момци, соиграчи од аѕурниот дрес: тоа беше нашата генерација, а каква само генерација беше! Најсилната која Италија ја имала, заедно со онаа од 1982“.

„Освоивме во 2006, но веројатно врвот го достигнавме во 2002. Само да не беше тој кловнот...“, се присетува Виери. Таа Италија од 2002 беше еден од фаворитите за пехарот. Во тимот ги имаше Паоло Малдини, Анџело Ди Ливио, Луиџи Ди Бјаџо, Винченцо Монтела, Марко Делвекио, Дамјано Томази, итн. Но, Италија ја исфрли контровезниот еквадорски судија Бајрон Морено чие судење на натпреварот со кодомаќинот Јужна Кореја директно влијаеше на резултатот и на елиминацијата на Италија во осминафиналето.

Ди Ливио и Виери протестираат кај судијата за црвениот на Франческо Тоти

„Навистина, таа ноќ во Берлин сѐ беше перфектно, фалев само јас...“, тагува популарниот Бобо.

реклама

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе