Викендов 151 новозаболен од COVID-19, најмногу активни случаи во Скопје

Во последните три дена од направени 2.335 тестови регистрирани се 151 нов случај на COVID-19, од кои 29 се реинфекции, едно починато лице и 194 оздравени пациенти, а дополнително преку Мој Термин се пријавени уште две починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените 109 се од Скопје, по што следат Штип со девет, Битола и Охрид – по пет, Куманово, Прилеп и Велес – по три, Тетово и Свети Николе – по две, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Кичево, Кочани, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка и Берово – по еден.

Најголем дел од оздравените пациенти – 134 се од Скопје, од Битола се 10, Охрид и Ресен – по 7, Штип – 6, Куманово, Тетово и Берово – по 4, Кавадарци, Велес, Кичево и Свети Николе – по 3, Прилеп и Струга – по 2, Струмица и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите три дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г), едно лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.

Досег а во земјата се направени вкупно 2.053.343 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302.013, на починати е 9 303, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Најмногу активни случаи, 369, има Скопје, по што следат Битола со 51, Штип со 24 Охрид со 19 и Прилеп со 10, додека во осум градови воопшто нема заболени.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе