Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шлаканицата

Вил Смит привлече огромно внимание во светот поради Оскарите, но не на начинот на кој посакуваше.

Доделувањето на престижните награди мина во непријатни околности кога Смит се појави на сцената и му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, откако тој ја навреди сопругата на актерот.

Актерот јавно му се извини на Рок и објасни зошто го удри. На Instagram тој објави соопштение во кое објаснува дека насилството во сите негови облици е отровно и деструктивно.

„Моето однесување на синоќешното доделување на Оскарите е неприфатливо и не може да се прости. Шегите на моја сметка се дел од мојата работа, но шегите за здравствената состојба на Џејда беа премногу за мене и реагирав емотивно“, напиша Смит.

Тој јавно му се извини на Крис Рок.

„Сакам јавно да ти се извинам, Крис, погрешив и не бев при себе. Засрамен сум и моите постапки не укажуваат на човекот каков што сакам да бидам. Нема место за насилство во свет на љубов и добрина. Се извинувам и на Академијата, на продуцентите на емисијата, на сите присутни и на сите кои гледаа ширум светот. Сакам да се извинам на семејството Вилијамс и на моето семејство во King Richard.

Длабоко жалам што моето однесување го засени тоа што инаку беше прекрасно патување за сите нас“, додаде Смит.

„Работам на себе“, заврши тој во обраќањето.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

реклама

Филм & ТВ

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Read more

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе

Дечкото на Хали Бери објави фотка од актерката целосно гола: Совршена од секој агол

Читај повеќе
  • play_arrow

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе