Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Вино старо 5.000 години е пронајдено во археолошки локалитет во Египет, соопшти Министерството за туризам и антиквитети.

Археолозите пронајдоа неколку стотини запечатени тегли со вино во новото археолошко откритие на египетско-германско-австриската археолошка мисија која работи на гробницата на кралицата Мернеит од Првата династија во Јужен Египет, околу 2950 година п.н.е. на местото Ум Ел Каб.

Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, Мустафа Вазири, откри дека „теглите со големи димензии се откриени и се во добра состојба, а остатоците од вино пронајдени во нив се стари околу 5.000 години“.

Од друга страна, д-р Дитерс Рао, директор на германскиот институт во Каиро, рече дека ископувањата на гробиштата успеале да откријат и нови историски информации за животот и владеењето на кралицата, како и дека студијата на натписите пронајдени во гробиштата покажуваат дека кралицата имала одлична позиција бидејќи била задолжена за канцелариите на централната влада.

Истражувањето спроведено на гробиштата покажа дека гробницата на кралицата Марнеит е изградена од сурови тули, глина и дрвени штици и дека кралицата можеби е единствената жена од првото семејство на која досега е откриена кралска гробница во Абидос.

Има и сет од 41 гроб за свитата и нејзините слуги, што покажува дека овие гробници биле изградени во различни временски фази.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе