Virgin Galactic го закажа последното тестирање на вселенскиот авион пред комерцијалните летови

Долгото патување на Virgin Galactic кон вселенскиот туризам е при крај.

Компанијата планира да го спроведе последниот пробен лет на својот вселенски авион VSS Unity на 25 мај, а вселенската обука ќе започне на 22 мај. За време на мисијата, техничките функционалности и „искуството на астронаутите“ ќе бидат тестирани уште еднаш пред да биде лансирана комерцијалната услуга.

Virgin не објави датум за почеток на платената услуга и веќе неколку пати го одложуваше, неодамна поради предизвиците поврзани со подобрувањата на носачот на авиони VMS Eve, кој го носи VSS Unity на надморска височина од повеќе од 15.000 метри.

Познато е дека Virgin го направи својот прв вселенски лет со екипаж во јули 2021 година кога основачот на компанијата Ричард Бренсон беше дел од тимот.

URL

Успехот на пробниот лет е клучен за Virgin бидејќи компанијата продолжува да троши пари и изгуби повеќе од 500 милиони долари во текот на изминатата година. Од друга страна, билетот за вселената чини 450.000 долари и бара депозит од 150.000 долари, така што овие средства би можеле да и помогнат на Virgin да се избори со загубите и да ги финансира долгорочните амбиции на компанијата, кои вклучуваат вселенски шатл од следната генерација Delta планиран за 2026 година.

Покрај тоа, Virgin е и под надворешен притисок бидејќи компанијата Blue Origin и нејзиниот сопственик Џеф Безос веќе испраќаат цивили во вселената, додека SpaceX исто така полека се движи кон реализација на лунарниот туризам. Иако сите овие летови ќе бидат надвор од можностите на многу луѓе, Virgin не сака да заостанува зад ривалите во битката за богати патници.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе