Ако сакате да го подобрите имунитетот, пробајте ја оваа витаминска бомба.

Зеленчукот и овошјето се богати со минерали и витамини кои го одржуваат организмот. За да направите детоксикација со цел го подобрите имунитетот, во исхраната воведете цвекло и ѓумбир.
Морковот и магдоносот го засилуваат кардиоваскуларниот систем и помагаат кај анемија и умор. Кога од овие четири намирници ќе се направи свежо цеден сок, добивате витаминска бомба која ќе ви го подобри здравејто.
Потребни состојки:
-цвекло
-морков
-ѓумбир
-магдонос
-300 мл вода
Начин на подготовка:
Исечете ги сите состојки и ставете ги во блендер, сипете 300 мл вода. Смесата треба убаво да се соедини. Исцедете го сокот и пијте го на празен стомак наутро, откако ќе се разбудите.