Вкупно 1.015 лица се хоспитализирани поради COVID-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а 587 пациенти се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа.

Како што соопшти Министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

МЗ напоменува дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more
 

Вести

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе