Владата ги објави протоколите за работа на кафулињата и рестораните

Ф.З.
/ 27.05.2020 / 19:49

Владата на Република Северна Македонија, на 57. седница, одржана на 26 мај 2020 година, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, со која од 28 мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метра со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.).

За да го видите официјалниот документ од Владата, кликнете тука.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more
 

Ново

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе