Владината коалиција против предвремени избори, опозицијата најавува нови чекори

Власта останува на ставот дека во моментот не се потребни предвремени парламентарни избори, а опозицијата и понатаму бара нивно одржување. По блокадата на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ најавува „нови чекори“ за кои треба да се разговара денеска на седница на Извршниот комитет на партијата. Од друга страна, вчера, и Алтернатива, која е дел од владината коалиција, се изјасни дека во услови на најголема економска и енергетска криза не треба да има избори.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши од вчерашниот Конгрес на партијата порача дека предвремени избори во моментот не се потребни.

– Нормално е секоја опозиција да се труди што поскоро да има избори и тоа е легитимно. Ние мислиме дека предвремени избори не се потребни. Да мислевме спротивно, пред три месеци немаше да станеме дел од оваа Влада, туку ќе одевме на избори, изјави Гаши, додавајќи дека во услови на економска и здравствена криза не се потребни избори поради стабилноста на земјата.

И од СДСМ сметаат дека Владата презема мерки и се справува со предизвиците што ги наметна енергетската криза и дека не се потребни избори. Премиерот Димитар Ковачевски неколкупати досега изјави дека лидерска средба нема да се одржи ако на неа се разговара само за барањето на опозицијата за предвремени избори.

– Веќе кажавме дека средба за предвремени избори не треба да се одржи зашто такво барање доаѓа во услови на најголема енергетска и економска криза. Ни претстои најтешката зима со која ќе треба да се справиме и за што деноноќно правиме планови, изјави Ковачевски во петокот.

Бојкотот на Собранието од страна на опозицијата, според Ковачевски, е несериозен, бидејќи таму се носат закони кои се од интерес на граѓаните.

– Секоја политичка партија треба да биде одговорна и да го даде максимумот за да се носат закони кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните. Не постојат закони кои не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла и не може Собранието да се смета за супермаркет каде некој ќе одлучува кој закон ќе помине, а кој нема да помине, порача Ковачевски во саботата.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за денес најави седница на Извршниот комитет на партијата на која ќе се разгледаат следните чекори што ќе ги преземат. Партијата останува на ставот да се блокираат сите закони кои сметаат дека се штетни.

– Ова е стратегија што многу ќе трае. Нема да биде инстант акција која што ќе заврши денеска или утре. Не очекувам дека луѓето туку така ќе ја напуштат фотелјата, изјави Мицкоски во саботата.

Од вторникот опозицијата почна со активна блокада на Собранието која најави дека ќе трае сè до постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори. Одлуката беше донесена на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 4 мај, а поздразбира, како што најавија од партијата, „попречување на штетните закони и политики“.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Македонија

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more
 

Вести

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе