ВМРО-ДПМНЕ: Нема уставни измени без зачуван идентитет и јазик

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната лидерска средба, партијата ја коментира како победничка опција.

„Македонија во ЕУ и зачуван идентитет, на Ковачевски поважно му е ДУИ да не биде опозиција, отколку Македонија да оди напред.

Претседателот Мицкоски даде 3 можни датуми за избори на есен, по кои ВМРО-ДПМНЕ како победник е спремен да формира влада со сите партии освен со ДУИ, која ќе биде влада на широко национално единство.

Целта на владата ќе биде зачувување на македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ. Имено, претседателот Мицкоски лично ќе разговара со неколку премиери на земји-членки на ЕУ, на следниот Совет да изгласаат потврда или гаранција за македонскиот идентитет, јазик и култура, да не бидат оспорувани. Со таквиот документ да се излезе пред граѓаните и да се потврди дека имаме јасна потврда и дека ЕУ застанува зад заштита на нашиот многувековен идентитет, јазик, култура и историја.

Дополнително да се побара од Европската комисија пакет за поддршка на македонските граѓани и бизнис во процесот на преговори, а со цел подобрување на нивната конкурентност на европските пазари во пресрет на интеграцијата.

Како трета точка претседателот Мицкоски потенцира дека добрососедството мора да биде двосмерна улица. И така, треба да се повика Бугарија, доколку е за европски вредности, од вкупно 13 пресуди на ЕСЧП, од кои 6 се правосилни, да избере кои 3 ќе ги имплементира, со тоа ќе покаже дека навистина има добрососедство и дека нашинците во Бугарија се заштитени.

За да се реализира планот за заштита на македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ преку овие точки потребни се избори, бидејќи јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе