ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени не под диктат на Бугарија како што бара СДС

Уставни измени не под диктат на Бугарија како што бара СДС, туку со одложено дејство како заштита од понатамошни блокади, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ даде два предлога, од кои и двата ја гарантираат ЕУ иднината на Македонија, но и македонската многувековна традиција, идентитет и историја. СДС наместо да се изјасни, манипулира. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под бугарски диктат, бидејќи тие ѝ даваат алатка на Бугарија да нѐ блокира и во иднина. Наспроти можноста Бугарија да добие алатка за блокада, ВМРО-ДПМНЕ даде предлог како Бугарија ќе стане активно заинтересирана за напредокот на Македонија кон ЕУ, а тоа е преку уставни измени со одложено дејство, кои ќе стапат во сила со зачленувањето на Македонија во ЕУ, со тоа Бугарија наместо да ја кочи нашата држава, ќе има интерес да го забрза процесот на интеграција. Покрај ова, овој предлог опфаќа и преодна влада без ДУИ“, се нагласува во нивната реакција.

Ковачевски и СДС, додаваат од опозициската партија, добија и втор предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е избори оваа есен, а потоа која партија и да е во опозиција да го поддржи следниот метод: Барање гаранции од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, историја и јазик, барање Бугарија да исполни барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање на парична помош за македонската економија и граѓани во пресрет на ЕУ интеграцијата.

Зошто на СДС ѝ пречи заштита на македонскиот национален идентитет, прашуваат од партијата на Мицкоски.

Според нив, СДС и Ковачевски треба да сфатат дека само со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се штити македонскиот идентитет, но и се гарантира брза интеграција.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе