Во Аеродром поставени 12 контејнери за рециклирање електричен отпад

Жителите на скопската Општина Аеродром од денеска можат да го одложат својот електронски отпад на 12 локации каде што се поставени рециклатори.

Во соработка со Нула Отпад, Аеродром е првата општина во државава која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, каде граѓаните и компаниите можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови. Овој систем, треба да придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии што се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест.

„Со нови контејнери и организиран систем за собирање електричен отпад, правиме значаен исчекор во нашите напори за промоција на одржливоста и заштита на животната средина“, соопшти градоначалникот Тимчо Муцунски, кој и присуствуваше на пуштањето во употреба на првиот поставен рециклатор.

„Амбициозно чекориме на патот кон зелена, европска, чиста и одржлива општина. Од денес на 12 локации во Аеродром поставуваме инфраструктура од контејнери за фрлање на електричен и електронски отпад, која значително ќе помогне во одржувањето на чистотата во околината. Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина“.

Контејнери за одложување електронски отпад денеска беа поставени на следните локации:

  • Парк на светлината
  • позади Мајчин Дом
  • Капитол, подземните контејнери од страната на „Дежа Ву“
  • Бисер, веднаш до пазарот
  • позади Тренд
  • Реонски центар (до Горење)
  • Ново Лисиче (зградите спроти Лиса центар)

Во наредните денови ќе бидат поставени контејнери на 8 други локации низ општината.

Во Аеродром веќе има поставено посебни контејнери од Пакомак за селектирање на пластика и стакло, додека недостасуваат повеќе од оние за хартија, кои се во мал број.

Во соседната Општина Центар жителите добиваат поени доколку пластичните шишиња и лименки ги одложат во специјалните вендинг-машини на ПОЦ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе