Во Британија пристигна Ласа треска од Африка, опасен сој на аренавирус

Во Велика Британија се откриени два случаја на Ласа треска, кај патници кои биле во Западна Африка, а здравствените служби веднаш го стиснале алармот бидејќи станува збор за многу опасна заразна болест, јавуваат британските медиуми.

Европските нулта пациенти веднаш биле ставени во изолација и се лекуваат.

Ласа треската честопати е смртоносна аренавирусна инфекција која се јавува главно во Африка, а може да влијае на повеќе органски системи.

Епидемии на Ласа треската досега имало во Нигерија, Либерија и Сиера Леоне. Оваа болест била внесена и во САД и во Обединетото Кралство. Резервоарот на вирусот е Mastomys natalensis, стаорец кој често живее во куќите во Африка.

Најважно од сè е дека за разлика од коронавирусот, Ласа треската нема пренесување на вирусот од човек на човек само затоа што сме блиску со некој што е заразен, па затоа ширењето на овој вирус е далеку побавно отколку во случајот со COVID-19.

Инкубацијата трае од 5 до 16 дена. Симптомите почнуваат со прогресивна треска, слабост, малаксаност и дигестивни симптоми. Може да се појават симптоми и знаци на хепатитис. Во текот на следните 3-4 дена симптомите напредуваат во болки во грлото, кашлица, болка во градите и повраќање.

Лекот рибавирин може да ја намали смртноста до 10 пати доколку со негова употреба се почне во првите шест дена од инфекцијата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе