Во дијамант извлечен од длабочините на Земјата најден досега невиден минерал

Во дијамант извлечен длабоко под површината на Земјата, научниците го открија првиот примерок на досега невиден минерал. Меѓународната минералошка асоцијација сега го потврди дејвмаоитот како нов минерал.

Наречен дејвмаоит (davemaoite) по истакнатиот кинеско-американски геофизичар Хо-кван (Дејв) Мао (毛河光), минералот е првиот пример на калциум силикат перовскит под висок притисок (CaSiO3) пронајден на Земјата. Друга форма на CaSiO3, позната како воластонит, може да се најде низ целиот свет, но дејвмаоитот има кристална структура која се формира само под висок притисок и високи температури во обвивката на Земјата, главно цврст слој на Земјата заробен помеѓу надворешното јадро и кората.

Долго време се сметаше дека дејвмаоитот е важен минерал во обвивката на Земјата. Но, научниците никогаш немаа пронајдено директен доказ за неговото постоење бидејќи, кога се движи кон површината и како што паѓа притисокот, се распаѓа на други минерали. Меѓутоа, анализата на боцванскиот дијамант, кој се формирал во обвивка на околу 660 километри под површината на Земјата, откри примерок од недопрен дејвмаоит заробен внатре. Меѓународната минералошка асоцијација сега го потврди дејвмаоитот како нов минерал.

„Откривањето на дејвмаоитот беше изненадување“, изјави за Live Science водечкиот автор Оливер Чаунер, минералог на Универзитетот Невада во Лас Вегас.

Чаунер и неговите колеги открија примерок од дејвмаоит користејќи техника позната како синхротронска дифракција на Х-зраци, која со микроскопска прецизност го фокусира високоенергетскиот рендген зрак на одредени точки во дијамантот. „Со мерење на аголот и интензитетот на позадинското осветлување, истражувачите можат да дешифрираат што е внатре“, рече Чонер. Примерокот дејвмаоит во дијамантот бил со големина од само неколку микрометри, така што помалку моќните техники за земање примероци би го пропуштиле.

Се верува дека дејвмаоитот игра важна геохемиска улога во плаштот. Научниците шпекулираат дека минералот може да содржи и други елементи во трагови, вклучувајќи ураниум и ториум, кои ослободуваат топлина со радиоактивно распаѓање. Затоа, „дејвмаоитот може да помогне да се создаде значително количество топлина во плаштот“, рече Чаунер.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Вести

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Читај повеќе

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе