Во дом на пијан маж германската полиција открила нацистичко дувло

Повик од пијан човек во Источна Германија ја довело полицијата до нацистичко дувло и олтар на Адолф Хитлер.

Вечерта на 21 декември, полицијата во Глаухау добила повик од 53-годишен маж кој бил во тешка алкохолизирана состојба и барал помош.

„По пристигнувањето, полицајците не наидоа на беспомошна ситуација во станот, туку затекнаа голем арсенал од ладни и огнени оружја. Особено забележителна беше декорацијата налик на олтар во дневната соба, накитена со портрети и симболи од времето на националсоцијализмот“, стои во соопштението на саксонската полиција.

Пијаниот маж истата вечер бил однесен во болница, а наредниот ден полицијата спровела темелен претрес на неговиот дом, со екперти кои востановиле прекршување на законот за поседување оружје. Дел од оружјето било и запленето.

Според полицијата, сопственикот, кој нема криминално досие, се однесувал рационално и доброволно се откажал од добар број на предметите, вклучително и нацистичките.

Истрагата и натаму ќе продолжи.

Последниот германскиот министер за внатрешни работи во владата на Ангела Меркер, Хорст Зехофер, неодамна изјави дека крајниот десничарски екстремизам и антисемитизмот остануваат клучни предизвици за земјата, со тоа што бројот на луѓе со екстремни гледишта постојано расте: 23.604 прекршоци поврзани со екстремната десница беа регистрирани во 2020 година, што е зголемување за 5% во однос на 2019 и е највисока стапка од 2001 од кога почна да се прави ваква статистика. Зехофер тогаш рече дека ваквите бројки демонстрираат брутализација на општеството.

Растот на неонацизмот во Германија е тесно поврзан го големиот број на имигранти кои се населуваат во земјата, а добар дел од етничките Германци се чувствуваат загрозени особено од доселениците кои не се вклопуваат во германското општество, се со друга религија и лошо го владеат герамнскиот јазик, по што спас бараат во екстремната десница.

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Свет

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Read more
 

Вести

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе