Во еднонеделниот конфликт со Израел досега загинаа 48 Палестинци

Бројот на палестинските жртви во конфликтот што избувна во петокот минатата недела меѓу Израел и Исламски џихад во Појасот Газа денеска се зголеми на 48, откако на повредите им подлегнаа еден маж и 11-годишно девојче.

Во меѓувреме, две деца од Газа на возраст од 8 и 14 години се борат за живот во болница во Ерусалим.

Повеќе од 300 Палестинци се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа, а Исламски џихад одговори со ракетни напади врз Израел.

Со смртта на девојчето Лајан ал-Шаер во болницата Муасед во арапскиот кварт во Ерусалим, бројот на убиени деца во конфликтот се зголеми на 17.

Израел објави дека 16 лица загинале поради неуспешното истрелување ракети од страна на палестинските екстремисти, кои паднале во Појасот Газа.

Повеќе од 30 Палестинци, меѓу кои и цивили и неколку екстремисти, беа убиени во израелските напади, меѓу кои и двајца команданти на Исламскиот џихад.

Прекинот на огнот стапи во сила во неделата навечер.

Никој не е убиен или тешко ранет на израелска страна.

Израел и другата, поголема, палестинска екстремистичка организација во Појасот Газа, Хамас, која владее со територијата со повеќе од два милиона Палестинци, војуваа четири пати во последните 15 години.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе