Во Египет дигитално одмотана мумија стара 3.500 години, научниците фасцинирани

Научници од Каиро дигитално го „одмотаа“ мумифицираното тело на фараонот Аменхотеп Први, откривајќи интересни детали, пишува Guardian.

Радиологот Сахар Салим, која учествуваше во откривањето на мумијата, изјави дека фараонот имал мал нос, виткана коса и тесна брада. Посебно го нагласи фактот дека при одмотувањето открила дека фараонот и по 3.500 години има фасцинантно добро зачувани заби.

Фараонот Аменхотеп Први до сега беше една од ретките кралски мумии невозможни за одмотување во модерно доба. Салим со нејзиниот тим користела 3Д технологија за скенирање, а резултатите се фасцинантни и освен изгледот го покажуваат и раскошот на накитот со кој фараонот бил погребан.

„Од прилика имал 35 години кога починал. Висок бил 169 сантиметри и имал одлични заби. Во своите омоти носел 30 амајлии и уникатен златен појас со златни бисери“, вели Салим.

Аменхотеп Први бил втор крал од 18 династија и тронот го презел по смртта на татко му Ахмос, размотан во 11 век пред новата ера, тогаш тоа го сториле свештеници за да ја поправат штетата направена од ограбувачи на гробници.

Оригиналната гробница на Аменхотеп Први никогаш не е пронајдена. Откриен е во 1881 година на локалитет во Луксор, каде биле сокриени мумии на кралеви и благородници за да бидат заштитени од ограбувачи на гробници.

Сега се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе