Во Европа постои земја каде по 22 часот е забрането пуштање вода во тоалет

Никој не може да ве спречи да го користите тоалетот среде ноќ. Меѓутоа, по обавување на физиолошката потреба немојте да пуштате вода. Тоа е случај доколку живеете во изнајмен стан со тенки ѕидови, верувале или не, во Швајцарија.

Во повеќето правилници за станари во станбените згради во Швајцарија е наведено дека треба да се почитува куќниот ред и дека соседите не смее да се вознемируваат во периодот од 22 часот вечерта до 7 часот утрината.

Куќниот ред зависи од зграда до зграда, листата на забранети активности варира во зависност од дебелината на ѕидовите во објектот, бројот на станови и профилот на станарите.

На листата на забранети активности може да се најдат и многубројни гласни активности - на пример градежни работи, забави, свирење инструмент или користење правосмукалка. А, доколку живеете во зграда со тенки ѕидови, на овој список може да стои и пуштање вода во тоалет.

На интернет кружат приказни дека правилото за забрана за пуштање вода во тоалетот по 22 часот е урбан мит кој нема врска со реалноста, а особено доколку живеете во стан со повеќе луѓе.

„Кога живеете во стан со повеќе луѓе, морате да пуштите вода во тоалетот, во спротивно толку смрди што дури и мувите почнуваат да кашлаат“, се нашали една швајцарска корисничка на Quora, сервисот за поставување прашања.

„Во мојата зграда не е дозволено да се слуша музика по 21 часот, да се разговара на телефон освен во итни ситуации, да се прави било каква галама, куче да лае гласно, да работи машина за перње алишта и слично. Но, да се пушта вода во тоалетот е нужност“, додаде.

Листата на забранети активности во станбените згради обично е наведена во договорите за изнајмување стан, а станарите се должни да ги потпишат и да се согласат со нив пред да се вселат. На тој начин никој не се присилува да прави нешто со што претходно не бил запознаен.

Како најдобро да се објасни ситуацијата со пуштањето вода во тоалет во ноќните часови во Швајцарија? Не е противзаконски да се пушта вода во тоалет, но исто така не е противзаконски агенцијата за издавање станови во име на сопственикот на зградата да стави такво ограничување во договорот за изнајмување и казни за станарите кои не се придржуваат до правилото, особено во старите згради.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Чек дис аут

Спасување снешко на руски начин

Read more

Париз под бела покривка: Снегот привлече многумина на улиците, некои дури и скијаа

Read more

Уште му е криво за Херонеја 338 п.н.е.

Read more

Над 80 илјади плишани мечиња прекинаа натпревар во САД

Read more
 

Магазин

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Читај повеќе

Што се случува со крвниот притисок кога пиете вода?

Читај повеќе