Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор

Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW).

– Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работници кои бараа работа, се вели во извештајот на Институтот за германска економија.

Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата.

Недостигот од работници е особено силен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостигот е забележлив и во образованието за овие занимања.

Јавниот сервис ARD известува дека постои загриженост дека недостигот од квалификувани работници може да го забави политички детерминираниот процес на преминување на обновливи извори на енергија. Многу компании не можат да ги исполнат нарачките на клиентите кои сакаат да инсталираат соларни панели или топлински пумпи поради недостиг на работници.

Владината Зелена партија проценува дека 440.000 работници би можеле да недостигаат во 2030 година во секторите клучни за транзицијата кон обновлива енергија.

Според извештајот на IW, недостигот на работна сила се чувствува не само во занаетчиството, туку и во образовниот и здравствениот сектор.

Синдикатот на вработените во образованието (ГЕВ) проценува дека може да има недостиг од 200.000 во предучилишниот сектор во следните пет години и до 250.000 во училишниот сектор.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе