Во Германија има околу 700.000 непополнети работни места

Макфакс
/ 31.01.2024 / 20:58

Германскиот пазар на труд веќе би пропаднал без странски работници, а минатата година најголем број нови вработени дошле од земји надвор од Европската Унија, пред сѐ Украина и Индија, објави  Федералната канцеларија за вработување во Нирнберг.

„Во периодот од јуни 2022 година до јуни 2023 година 53.000 Украинци се вработиле во Германија, а во исто време и 24.000 Индијци“, изјави директорката на Федералната канцеларија за вработување, Андреа Налес.

Таа рече дека лани најголем број од оние што се вработиле во Германија се од некоја од земјите надвор од Европската Унија.

„Овој тренд ќе продолжи и во иднина“, рече Налес, посочувајќи на демографската состојба во Германија, но и на фактот дека сѐ помалку граѓани од новите земји на Европската Унија доаѓаат да работат во Германија.

Тие се соочуваат и со демографски проблеми и со намалување на бројот на работоспособни граѓани, вели Налес.

И покрај благото зголемување на стапката на невработеност, во Германија сѐ уште има 700.000 непополнети работни места.

„Оние кои моментално немаат работа, без разлика дали се староседелци или имигранти, ќе им биде сѐ потешко и потешко да најдат работа. Затоа што најчесто се работи за луѓе кои се постари или кои немаат никакви квалификации“, изјави Налес.

Сојузниот министер за труд, Хубертус Хајл исто така изјави дека рекордниот број вработени во Германија е директно поврзан со имиграцијата.

„217.000 вработени повеќе од пред една година се само на сметка на имигрантите надвор од Европската Унија“, рече Хејл за време на дебатата во Бундестагот.

Во Германија во моментов има 2,8 милиони работоспособни луѓе без постојано вработување, што одговара на стапка од 6,1%, пишуваат медиумите во регионот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе