Во Германија потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Германија денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, а нови случаи на зараза претходно пријавија Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.

Медицинската служба на германските вооружени сили денеска соопшти дека го потврдила првиот случај на мајмунски сипаници.

– Институтот за микробиологија на германските вооружени сили во Минхен несомнено го откри вирусот на мајмунски сипаници за прв пат во Германија на 19 мај 2022 година, кај пациент со карактеристични кожни лезии“, соопшти медицинската служба.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека врз основа на достапните информации претпоставува дека вирусот не се пренесува така лесно и оти неговото ширење може да се спречи доколку здравствените власти брзо дејствуваат.

Италија денеска потврди уште два случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници, регионалните власти во Мадрид пријавија уште 14 случаи, а Велика Британија 11 новозаразени. И Франција денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници.

Случаи на мајмунски сипаници се откриени и во Португалија, Шведска, Белгија како и во САД и Канада. Болеста досега вообичаено беше концентрирана во Централна и Западна Африка. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе