Во Израел има по 10.000 заразени дневно, за првпат од јануари

Б.С.Б.
/ 26.08.2021 / 12:24

Во Израел, земја која и покрај високиот процент на вакцинирани се бори со четвртиот бран на коронавирусот, вчера за првпат од јануари беа регистрирани повеќе од 10.000 заразени во последните 24 часа.

Министерството за здравство доцна вечерта објави дека за 24 часа се забележани 10.001 нов случај на зараза со коронавирусот. Тешко болни се 688, а 25 луѓе починале.

Израел кампањата за вакцинација ја започна минатата година. Со две дози се вакцинирани 59% од 9.4 милиони жители, а со трета доза 19%. Вакцинацијата се врши исклучиво со Pfizer.

Израел е првата земја која почна со трета доза на вакцинација со цел да го засили имунитетот на жителите.

Одлуката е донесена откако научни студии покажаа дека со текот на времето опаѓа ефикасноста на вакцините во спречување на заразата, иако и понатаму нудат силна заштита од тежок облик на болеста.

Во последните неколку недели во Израел се шири агресивната делта варијанта на коронавирусот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе