Во Јапонија откриена нова мутација на COVID-19

Јапонија откри нова мутација на коронавирусот, јавија локалните медиуми. Пронајден е кај четворица патници од бразилската држава Амазонас.

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот, трет сој, што се разликува од многу заразните варијанти на вирусот, откриени за првпат во Велика Британија и во Јужна Африка.

Според Националниот институт за заразни болести на Јапонија, во моментов нема докази дека новиот тип пронајден кај патници од Бразил е многу заразен.

Четворицата заразени патници, пристигнале на аеродромот во Токио на 2 јануари – 40-годишен маж со проблеми со дишењето, 30-годишна жена со главоболка и болки во грлото, тинејџерка со висока температура и друга жена на околу 30 години, без симптоми.

Поради силниот скок на новозаразени Јапонија прогласи вонредна состојба за Токио и три префектури во непосредна близина на главниот град. Во таа држава веќе има околу 289.000 заразени и 4.061 смртни случаи. 

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе