Во хрватскиот Јадран откриен римски брод стар 2.000 години

Во морето кај Сукошан на длабочина од само 2 метра, археолози од Задар откриле римски дрвен брод стар повеќе од две илјади години, потврди за HINA директорот на Меѓународниот центар за подводна археологија во Задар, Младен Пешиќ.

„Античкото пристаниште Барбир кај Сукошан беше откриено во 1973 година и долго време беше документирано само на површината, благодарение на истражувањата на археологот Борис Илаковец. Дури во 2017 година на тој простор започна нова, посериозна работа, паралелно со истражувањата на римската вила на копното, која поради современа градба беше прилично уништена. За среќа, дел од локалитетот под морето е добро сочуван“, објаснува Пешиќ.

Бродот е покриен со песок, широк е околу 3 метри, а досега се откриени 9 метри од неговата должина. Освен деловите кои настрадале од бродски црви, остатокот од бродот е во неверојатно добра состојба благодарение на тоа што самото дрво е зачувано во песокот два милениума, открива раководителот на истражувањето.

Во последните 6 години, колку што траат истражувањата под морето, Меѓународниот центар за подводна археологија во Задар соработува со Германскиот археолошки институт, но и со други партнери како Оксфорд, Универзитетот во Задар и Археолошкиот музеј.

„Прво ја истраживме структурата на римското пристаниште, кое се градело во две фази. Првата датира од I век од нашата ера, кога пристаништето било помало по големина. За тоа сведочат бројните наоди на керамички садови и амфори, маслени светилки и фрагменти од стакло што биле донесени во Сукошан од областите на денешна Грција, Турција, Блискиот Исток и Италија“, открива тој.

Големо проширување се случило во средината на IV век, кога се формирал денешниот облик на пристаништето, кој сè уште стои, и покрај толку долгото изложување на морето. Доказ за интензивна трговија покажуваат и наодите од областа на Северна Африка.

Меѓу наодите од тој период се истакнуваат околу триесет бронзени монети ковани во времето на императорите Константин II, Констанс и Констанциј II пронајдени во слој 150 сантиметри под нивото на денешното морско дно.

„Предминатата година најдовме парче дрво, штица со метална шајка, што особено нѐ заинтригира. Се надевавме дека може да има брод до таа штица. Затоа минатата година ги отворивме првите 4 квадрати и започнавме истражувајќи на таа локација. И навистина, имаше еден римски брод што го датиравме на крајот на I или самиот почеток на II век, односно веднаш до првата фаза на пристаништето. Оваа година истражувањето продолжи, повторно во соработка со Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Задар, како и студенти по археологија“, вели Пешиќ.

Со ова истражување, додава тој, успеале да стигнат до половина од бродот. Секој елемент е обележан, фотографиран и врз основа на тоа подоцна ќе направат дизајни. За разлика од повеќето антички бродови кои по потонувањето завршуваат деформирани на дното на морето, овој успеал да ја задржи својата форма.

„Целата школка е зачувана и тоа е голема посебна карактеристика. На анализа во Франција испративме примероци од сите дрвени елементи, а со утврдување на материјалот ќе знаеме дали е од локално производство или од други региони, бидејќи во пристаништето веќе се пронајдени многу материјали кои потекнуваат од целиот Медитеран“, вели раководителот на истражувањето и најавува дека следната година во новата фаза од истражувањето ќе следи откривање на втората половина на бродот.

Дотогаш локацијата ќе биде заштитена со слоеви песок, геотекстил и камен.

„Би сакале да го извадиме од морето и еден ден да го изложиме некаде, можеби и овде во комплексот на поранешната црква Свети Никола ако има можност и доволно простор“, заклучува директорот на Меѓународниот центар за Подводна археологија Задар.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе