Во кинески ресторан пронајдени отпечатоци од диносаурус стари 100 милиони години

Кајгана / МИА
/ 19.07.2022 / 14:30

Отпечатоци од диносаурус стари 100 милиони години се откриени во југозападна Кина откако биле забележани од посетител во дворот на ресторан во Лешан, во покраината Сечуан.

„Неколку камени јами во ресторанот содржат отпечатоци на два сауроподи – вид диносауруси кои живееле во раниот период креда“, вели Лида Ксинг, палеонтолог и професор на Кинескиот универзитет за геологија.

Нејзиниот тим во саботата го потврди откритието, користејќи 3D скенер.

Сауроподите, познати по долгите вратови и опашки, биле најголемите животни коишто некогаш оделе на Земјата. Тие можеле да пораснат до големина речиси колку трикатна куќа и биле толку тешки што „земјата се тресела под нив“ додека се движеле.

„Сауроподите кои оставиле траги во Сечуан веројатно биле долги околу осум метри“, изјави Ксинг.

Иако многу фосили од диносауруси од периодот јура се откриени во Сечуан, пронајдени се многу малку фосили од периодот креда. Ксинг смета дека второво доба е „златното време на диносаурусите“, а „ова откритие е како парче од сложувалката и сведочи за различноста на диносаурусите. 

URL
Тагови
реклама

Наука

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Read more
 

Гик

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе