Во кои земји бебињата најмногу плачат?

Во првите две недели од животот бебињата плачат околу два часа дневно. По шест недели плачењето го достигнува врвот и трае околу 2 часа и 15 минути дневно, додека до 12 недела се намалува во просек на еден час и 10 минути дневно.

Но, утврдено е дека некои бебиња плачат само 30 минути дневно, а други и повеќе од 5 часа во еден  ден. Најмногу плачат бебињата родени во Обединетото Кралство, Италија, Канада и Холандија, а најмалку оние родени во Данска, Германија и Јапонија, покажа истражување на Универзитетот Ворвик.

Професорот Дитер Волке од Одделот за психологија на споменатиот универзитет формулираше универзални таблици кои ја прикажуваат нормалната количина на плач кај бебињата во текот на првите три месеци од животот.

Во мета анализата која вклучува 8700 доенчиња од Германија, Данска, Јапонија, Канада, Италија, Холандија и Обединетото Кралство, професорот пресметал колку долго бебињата плачат во 24 часа во различни култури во првите 12 недели.

Највисоко ниво на грчеви или колики, кои се главна причина за плачење кај бебињата, е откриено меѓу оние родени во Велика Британија, Канада и Италија, а најмалку во Данска и во Германија.

„Бебињата многу се разликуваат по тоа колку плачат во првите недели од животот. Постојат големи варијации. Можеби повеќе ќе научиме ако поблиску ги истражиме културите во кои бебињата помалку плачат. Не знаеме дали е тоа последица од родителство или други фактори кои се однесуваат на искуството на бременоста или генетиката“, вели професор Волке откако резултатите од истражувањето се објавени во списанието The Journal of Pediatrics.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе