ЕВРОПА ГИ ЗАОСТРУВА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД COVID-19

Во кои земји е задолжително носењето маски на отворено?

Александра Спасеска
/ 29.10.2020 / 19:39

Ширум Европа се засилуваат ограничувањата и заострените мерки против ширењето на коронавирусот. Многу земји ги вратија рестрикциите што беа олабавени по националните блокади во екот на првиот бран на пандемијата.

Но, со драстичниот раст на бројките на новозаразени, намалувањето на болничките капацитети, немањето на вакцина против COVID-19, како и сѐ почестата појава на случаи на пациенти кои не знаат како се заразиле, воведувањето на мерки како задолжително носење заштитна маска на отворено стана неизбежно.

Носењето лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болест, што синоќа ги усвои македонското Собрание. Измените на Законот ќе стапат на сила по објавувањето во Службен весник.

Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично, соопшти Министерството за здравство.

Граѓаните, како што се посочува, ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.

Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој. За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19.

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска порачаа дека нема потреба од воведување нова вонредна состојба и дека досегашните мерки и препораки за заштита од COVID-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните.

Ваквата мерка не е исклучок на Република Северна Македонија. Ред земји низ Европа и светот веќе ја воведоа оваа заштитна мерка или размислуваат за нејзино (одново) воведување.

Португалија

Во цела Португалија од вчера е задолжително носењето маска на отворено, во обид да се запре ширењето на новиот коронавирус. Исклучок се деца под шестгодишна возраст, како и автомобили во кои патуваат само луѓе од исто семејство. Првично, полицијата усно ќе опомене за непочитување на наредбата, по што ќе почне да изрекува казни од 100 до 500 евра. Мерката ќе биде во сила 70 дена, а нејзината важност може да се продолжи.

Франција

Маските се задолжителни на затворени места низ целата земја, додека специфични области воведоа дополнителни правила. Во Париз и околните населени места, маските се задолжителни надвор од домот за секој граѓанин постар од 11 години. Стотици други општини низ целата земја го имаат истото правило, вклучувајќи ги Ница, Тулуз, Лил и Лион. Маските мора да се носат и на работното место.

Србија

Во Србија се на сила нови мерки во борбата против коронавирусот, кои беа усвоени од членовите на Кризниот штаб за борба против COVID-19. Носењето маски се препорачува и надвор, на отворено, издавањето на специјални дозволи за прослави е суспендирано и мора да има лица одговорни за спроведување на мерките во услужните објекти.

Шпанија

Каталонските власти наредија затворање на сите барови и ресторани во регионот од 15 октомври за две недели. Тие можат да обезбедат услуга за носење. Маските мора да ги носат сите постари од шест години во јавниот превоз и на јавни места на отворено.

Холандија

Од 14 октомври, сите барови, ресторани и кафулиња се затворени и можат да обезбедат услуга за носење. Продажба на алкохол во продавници и ресторани е забранета по 20 часот, како и пиење алкохол на јавно место по тоа време. Сите продавници, освен супермаркети, мора да се затворат во 20 часот низ целата земја. На луѓето им се препорачува да останат дома и да работат дома ако е тоа можно. Максимум три лица во еден ден можат да посетат едно домаќинство, а само по четворица смеат да се групират на отворено. И двете правила не опфаќаат деца под 13 години. Забранети се концерти и саеми на отворено. Мерките остануваат во сила најмалку четири недели. Носењето маски на отворено, во јавен превоз и во продавници е задолжително. Училиштата, спортските сали и базените остануваат отворени.

Италија

Италија воведе обврска да носат маски на отворено низ целата земја, а граѓаните маските мора да ги носат насекаде, освен во нивните домови. Во училиштата, маските се задолжителни за деца над шест години кога се движат низ училишната зграда. Неколку правила се во сила до 13 ноември: баровите и рестораните се затвораат на полноќ, луѓето не смеат да се собираат надвор од баровите и рестораните од 21 до 6 часот наутро. Организирањето забави е забрането, но венчавки и други служби може да се одржат со најмногу 30 лица.

Русија

Руското тело за надзор на здравјето на потрошувачите, исто така, ги советува регионалните влади да ги затвораат баровите и рестораните помеѓу 23 и 6 часот наутро. Русија е на четвртото место во светот по бројот на заразени со 19 лица по САД, Индија и Бразил. Претходно неделава, Кремљ предупреди дека фокусот на коронавирусот се префрла од Москва, каде што се регистрирани околу една третина од сите заразени во Русија, во други региони. Најновата иницијатива на руските власти дојде во време кога другите земји низ Европа известуваат за рекордно зголемување на бројот на заболени од COVID-19. Во Русија од вчера носењето маска е задолжително на сите места каде е можна голема гужва, вклучително и јавен превоз, такси, паркинзи и лифтови. BBC потсетува дека Русија воведе слични мерки минатата пролет, но ги укина во јули, кога почна да опаѓа бројот на новозаболени лица. Другите препораки вклучуваат засилени напори за дезинфекција на јавниот превоз, такси-возилата и јавните места.

Чешка

Поради зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирус во Чешка, пред десет дена воведена е мерка за задолжително носење маски на отворено. Чешкиот министер за здравство Роман Примула изјави дека поради зголемувањето на бројот на заболени во земјата е одлучено маските да бидат задолжителни и на отворено. Наведувајќи дека носењето маски е исто така задолжително при патување со приватни возила, Примула истакна дека владата сè уште не разговарала за карантин кој би се применил низ целата земја. Владата исто така донесе одлука за затворање на кафулињата, баровите, рестораните и училишта на три недели.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе