Во Косово повеќе не може да се плаќа во динари; ЕУ: Загрижени сме поради тоа

Европската Унија изрази загриженост за последиците од одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за укинување на динарот во платните трансакции што може да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби, а која стапува во сила денеска.

Во Косово утринава стапи во сила регулативата на ЦБК, која предвидува плаќање во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, што ја зголеми загриженоста на српската заедница во Косово бидејќи од Србија примаат плати и пензии во динари, кои ги користат за купување и продавање.

Меѓународната заедница претходно побара Косово да го одложи спроведувањето на таа одлука наведувајќи ја загриженоста дека тоа може да има негативно влијание врз косовските Срби.

Во денешното соопштение за печатот Службата за надворешни работи на ЕУ посочи дека ја зема предвид регулативата, чија цел е „да се подобри транспарентноста на финансиските текови, да се обезбеди финансиска стабилност и да се бори против перење пари и фалсификување“, но со оценка дека таа одлука „ќе влијае и на финансиската поддршка што косовските Срби ја добиваат од Србија“.

Европската Унија е загрижена за последиците што оваа одлука може да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници во Косово поради недостигот на претходни консултации, а пред сè, „поради нејзиното влијание врз училиштата и болниците, со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент“.

Се додава дека „краткиот преоден период за имплементација на регулативата, во комбинација со недостигот на информации и практични решенија за сите засегнати заедници, ризикува сериозно да ги комплицира нивните животи“.

Во исто време Косово беше покането да обезбеди „доволно долг преоден период за спроведување на регулативата и да најде решение за прашањето во рамките на дијалогот што го води Брисел“.

Гувернерот на ЦБК, Ахмет Исмаили, претходно за медиумите изјави дека указот не забранува поседување динари во Косово, ниту го ограничува трансферот на средства од Србија преку платниот систем на Косово, но неопходно е „граѓаните да имаат отворена сметка за евра“.

„Доколку институциите во Србија сакаат да ги платат граѓаните на Косово, средствата стигнуваат на нивната сметка во евра. Значи, ако се праќаат во динари, се менуваат во евра“, рече Исмаили.

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во средата рече дека владата во Приштина ќе почне кампања за информирање на граѓаните за уредбата предлагајќи разговори меѓу централните банки на Косово и Србија за да се најде механизам за транспарентен трансфер на пари за кој комерцијалните банки мора да бидат лиценцирани од косовските финансиски власти. Единствената преостаната банка од Србија во Косово – НЛБ Комерцијална банка, во средата на 31 јануари ја затвори последната од своите девет филијали.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе