Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 31 пациент, вкупно се лекуваат 479

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 479 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, еден на Институтот за ТБЦ, пет пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ е примен еден нов болен, на Очната клиника четворица, а во ковид-центарот на Неврологија двајца.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани исто осум болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.

-Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на
Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти, соопштија од Министерството.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.

Вкупно 479 пациенти потврден и сомнителн за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

-И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, посочуваат од Министерството за здравство.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Македонија

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Read more

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Read more
 

Вести

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе