Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 510 болни

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, додека вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и по четворица болни на Очната клиника, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за дерматовенерологија

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 12 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациента, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 30 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 162 пациента, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца „Козле“ има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасни.

Вкупно 510 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-ина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе